Градоначалничката на Битола Наташа Петровка, која е е на чело на општинскиот кризен штаб, денес за состојбата со ковод-19 во градот и зголемените бројки рече дека држењето на дистанцата, значи и суштински и навремената поддршка на здравствените институции, кои се во добра кондиција од аспект на давање на услугите и следење на состојбите.
-На последниот состанок на Кризниот штаб на кој беа сите директори на здравствените институции посочија дека слободни легла има, а неделава завршуваат и активностите за отворање на модуларната болница, доколку се појави потреба, а за зголемите бројки на позитивни лица на ковид-19 додаде:
-Експоненцијално растат бројките и тоа детектиравме дека се случува најмногу при собирањето на поголеми групи на места како што се кафулињата, каде факт е дека имаме ситуации на поблиску поставување на масите. Затоа ја повикувам инспекцијата да делува согласно насоките во врска со сите превентивни мерки.
-Упатувам апеј граѓаните да ги редуцираат посетите и групирањето, да се почитува носењето маски и дистанца, во помали бројки, за да ги заштитиме најблиските. Од односот на сите нас зависи како ќе се одвива ситуацијата и дали пиковите ќе ги избегнеме, рече Петровска.






