Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.761 тестирања, а регистрирани се 1.216 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Битола се 50 нови позитивни на корона вирус.
Регистрирани се 111 оздравени пациенти, а денес нема меѓу нив од Битола.
Пријавени се вкупно 15 починати лица,а едно починато лице е од Битола.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 80 ковид-19 тестови.
До сега во Битола има 3.852 лица кои се или биле позитивни на ковид-19, а денес активни се 413 случаи.
Досега во земјата се направени вкупно 578.923 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 116.438, бројката на оздравени пациенти е 99.126, на починати е 3.403, а бројот на активни случаи изнесува 13.909.






