Во рамките на проектот РомАБЦ за Западен Балкан, во организација на Здружението за развој на ромската заедница СУМАЛ – Битола и ООУ „Св. Климент Охридски“ – Битола, започна тест фазата и обуките за возрасни Роми кои се борат со својата функционална неписменост. Овие обуки се дел од меѓународниот Еразмус+ проект во делот за образование на возрасни.
-Тест фазата е дел од активностите. Истата се спроведува 12 дена, а ќе продолжи во мај, по одржувањето на обуките за обучувачи. Со тест фазата се испитуваат сите поставени компоненти на Курикулумот и Прирачникот и преку обуките овие документи ќе се надополнат и променат во согласност со потребите на целната група, вели Фатма Б. Аземовска од “Сумнал“ – Битола.
Обуките започнаа со реализација на ден 15.03.2021 и ќе траат до 30.03.2021 година. Во обуката се вклучени 16 возрасни Роми кои работат на стекнување или надополнување на основните знаења и вештини кои им се потребни за интеграција во општеството како и конкурентност на пазарот на труд. Обуките ги реализираат 5 обучувачи од двете организации кои се искусни во оваа област и го посетија пилот тренингот со што ги добија насоките за комплетна реализација. ООУ „Св. Климент Охридски“- Битола заедно со
-Здружението за развој на ромската заедница СУМАЛ- Битола работат на акредитација на Курикулумот за справување со функционалната неписменост на Ромите, која се уште е проблем во нашиот град и држава, како и негова имплементација во новите програми за образованието за возрасни. Со стекнувањето на акредитација и по завршување на обуките, лицата кои ги посетувале ќе се стекнат со сретификати, додава Аземовска.
Согласно со последните промени во образованието на возрасни и поставените концептни за образованието на овие лица, и двете организации напорно работат на проширувањето на Курикулумот и имплементирање на целосен процес на доедукација/образование на возрасните лица кои не го завршиле своето образование и се функционално неписмени.






