Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 47 нови позитивни на ковид-19, оздравени 11, на инфективно 78 пациенти

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 5.057 тестирања, а регистрирани се 1.299 нови случаи на КОВИД-19, а од нив во Битола се 47.

Регистрирани се 413 оздравени пациенти од кои од Битола се 11.

Направени се преку  ЦЈЗ Битола 81 ковид тестови.

На инфектовното одделени од Клиничката болница во Битола, односно во регионалниот ковид центар,  хоспитализирани се 78 пациенти, позитивни на ковид-9 или суспектни.

Инаку, до сесега во Битола има регистрирани 3.934 лица кои биле или позитивни на ковид-19, а активни се 452 случаи.

Досега во земјата се направени вкупно 587.546 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 118.736, бројката на оздравени пациенти е 100.250, на починати е 3.448, а бројот на активни случаи изнесува 15.038.

More from ВестиMore posts in Вести »