Денес, недела, 21 март, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде облачно и студено, со мешани врнежи од дожд и снег. До крајот на денот ќе се формира снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура во Битола ќе биде до 3 степени.
Утре, понеделник, 22 март, во Битола времето ќе биде облачно со врнежи кои повремено ќе преминуваат од дожд во снег особено во ноќните и утринските часови. Максималната температура во Битола ќе биде до 6 степени.






