Првиот ден на пролетта, учениците од Горната гимназија во Битола го одбележаа со отворање ликовна изложба под наслов “Пролетни вибрации“.
-Оваа тематска изложба организирана од страна на Училишната библиотека е реалирана во соработка со наставникот по ликовна уметност, Александар Поповски, по повод најубавото годишно време, симбол на младоста и убавината и новото раѓање на природата – изјави библиотекарот, м-р Драган Ристевски.
На изложбата се претставени дваесеттина ликовни дела на тема пролет од страна на гимназијалци од прва и втора година. И покрај тоа што наставата се одвива без физичко присуство сепак, вредните и талентирани средношколци се одѕваа на предлогот за создавање ликовни творби за пролетта.
Со поставката на изложбата “Пролетни вибрации“ во гимназискиот хол, го разубавија просторот на Горната гимназија за сите што работно и заради училишни обврски ја посетуваат Гимназијата во која пред 76 години, официјално, за прв пат во средното образование во Македонија, започна наставата на мајчин македонски јазик. 

“Пролетни вибрации“ – ликовна изложба на учениците во Горната гимназија во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: приведување за дрога
- Во Битола сончено во умерена облачност, температурата до 15 степени
- Адвокатска канцеларија “Главинче“ од Битола со свечена академија, документарен филм, изложба и со многу гости одбележа 60 години од основањето (фотогалерија)
- Србинот Кочовиќ ново засилување на КК Пелистер
- Едукативен-забавен хепенинг во Зоолошката градина Битола (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Македонската филхармонија го изведе “Музички код“ во Битола (фотогалерија)
- Македонската филхармонија во Битола со концерт “Музички код“
- Игор Трајковски – Фоја: секое мое доаѓање во Рим открива нов слој од градот, но и од самиот себе (фотогалерија)
- Бојана Скендеровски на 30 октомври закажа концерт во Битола
- Деновиве пред 10 години: рускиот пијанист Олег Маршев ги воодушеви присутните и го затвори 25. по ред “Интерфест 2016“ во Битола










