Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.728 тестирања, а регистрирани се 1.056 нови случаи на КОВИД-19, од кои во Битола се 57.
Регистрирани се 727 оздравени пациенти, од нив 12 се од Битола.
Пријавени се вкупно 25 починати лица, на возраст од 29 – 87 година и тоа: 4 пациенти од Битола во болнички услови и со коморбидитети.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 71 ковид тестови.
До сега во Битола 4.004 лица биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 472 случаи.
Досега во земјата се направени вкупно 595.686 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 120.882, бројката на оздравени пациенти е 102.201, на починати е 3.528, а бројот на активни случаи изнесува 15.153.






