Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: правилник за искористување средства за социјална заштита за лица со попреченост во домот на лицата

Општина Битола на својата веб и феј-збук страница го објави Правилникот за искористување на средства од програма за социјална заштита во делот на инфраструктура за лица со попреченост во домот на лицата.

Со овој Правилник се дефинираат и одредуваат начините и условите за искористување на средствата од Програмата за социјална заштита за 2021 година на Општина Битола за адаптација, изградба или поставување на инфраструктура за физичка пристапност и непречено движење во домот на лица со попреченост, корисници на инвалидски колички, преку субвенционирање на трошоците, во целост или делумно, за пристапни рампи за инвалидски колички.

Детали за правилникот и начинот на искористување ќе најдете на следниот линк:

More from ВестиMore posts in Вести »