Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека в о последните 24 часа се направени 3.948 тестирања, а регистрирани се 1.272 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Битола се Битола 75 лица.
Пријавени се вкупно 33 починати лица од кои од Битола е еден пациент на возраст од 41 година во болнички услови.
Регистрирани се 868 оздравени пациенти од кои од Битола се 19.
До сега во Битола има регистрирани 4.333 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а денес има активни 677 случаи.
Направени се преку ЦЈЗ Битола вкупно 103 ковид-19 тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 620.810 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 128.511, бројката на оздравени пациенти е 106.392, на починати е 3.749, а бројот на активни случаи изнесува 18.370.






