Press "Enter" to skip to content

Поставена нова урбана опрема по Широк Сокак и засадени лаванди по Шеталиште

Екипи на јавното комунално претријатие “Комуналец“ од Битола деновиве поставија нова урбана опрема по Широк Сокак и Шеталиштето, а засадени се и нови цветни аражмани по Шеталиште.По Широк Сокак во Битола се поставени нови клупи за седење, со нов дизајн, а ги има низ цела улица, како и нови корпи за отпадоци кои ги има и низ Шеталиште.Околу дрвјата низ Шеталиштето во Градскиот парк се откорнати камените плочи и на нивно место се засадени цветни аражмани од лаванда.