Press "Enter" to skip to content

Фото вест: започна реконструкцијата на старата чешма кај “Офицерски“

Вчера започнаа градежните работи за реконструкција на старата чешма кај Офицерски дом во Битола. Оваа чешма ја реконтруира Ротари клубот од Битола, за што претходно беше донесена одлука на Седница на Совет за примање на донација во вид на реконтрукција.

Претседателот на Ротари клубор од Битола, Никола Главинче, претходно рече дека е направен проект и обезбедени пари за реконзтрукција, по што овој дел на Широк Сокак ќе добие нов лик.