Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 4.445 тестирања, а регистрирани се 1.511 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Битола се 86.
Денес регистрирани се 587 оздравени пациенти од кои од Битола се 18.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 119 ковид-19 тестови.
Досега во Битола има регистрирано 4.419 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 745 случаи.
Досега во земјата се направени вкупно 625.255 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 130.022, бројката на оздравени пациенти е 106.979, на починати е 3.781, а бројот на активни случаи изнесува 19.262.






