Press "Enter" to skip to content

Комеморација за уметникот Коста Хаџиантоновски во Пациото (фотогалерија)

Денес во Пациото на Завод и Музеј во Битола се одржа комеморација за ноедамна починатиот основач на Малиот битолски Монмарт, ликовниот уметник, Коста Хаџиатоновски, а на комеморација покрај дел од семејството, ќерката Елена и братот Стефан, присуствуваа градоначалничката на Битола – Наташа Петровска, претседателот на Советот на општина Битола – Валентин Груевски, претседателот на МНД – Невена Груевска, адвокатот Никола Главинче, конзулот на Грција – Ракинас, дел од почесните конзули, поранешниот градоначалник на Битола – Златко Вршковски, културни работници, советници пријатели  и почитувачи на делото на Коста.Прва на комеморацијата зборуваше градоначалничката Петровска која рече и минатогодишното издание на Малиот монмарт и годинашното кога се прославувба јубилејот, 40 години, поминало во знак на пандемијата, без џагорот на децата во Струдиото, низ Чаршијата, низ Битола. При последниот телефонски разговор со Коста, тој го оставил аманетот Битола треба да ги негува и чува прегратките за децата од сиот свет,  а моментите кога џагорот го слушавме низ нашите сокаци е нешто што овој град не смее да се прекине.-Јубиелното, 40 годинашно по ред издание на Малиот битолски Монмартр ќе биде одбележано онака достојно како штои заслужува Коста, рече Петровска.Стевче Хаџиантоновски, брат на Коста Хаџиантоновски во име на семејството и од лично име им се заблагодари на сите кои упатија пораки кон семејството поради смртта на Коста и дека тоа посебно го ценат, а притоа додаде:-Коста не продаваше слики, туку го донираше, а ако некој сакаше да плати тој им велеше да купат четки и боички и да го донесат во Студиото, за дечињата, во знак на неговата љубов кон малите уметници и рече дека Коста од мал бил со четката и боите, од изработка на големи паноа во биокопот, потоа како професор по ликовно во ОУ “Кирил и Методиј“ и на крај до пензија и после пензија во Малиот Битолски Монмарт, каде беше до денот на неговата смрт. Како дел од Малиот битолски Монмартр и негов поранешен портпарол, адвокатот Никола Главинче се потсети и ги потсети присутните за неговиот ангажман заедно со Коста, на сите изложби, промоции и други настани и рече дека влогот на Коста во ова студио е преголем и упати апел до семејството и до сите кои го почитиваа неговот дело, најдобар начин за да се оддаде почит на неговиот лик и дело е да го институционализираме Малиот битолски Монмартр, бидејќи тоа Коста и Студиото го заслужуваат.-Институционализацијата на Малиот битолски Монмарт беше желба на Коста, а друга желба која морама де ја исполните на бил кој начин е да органозираме голема изложба на детски ликовни творби од Старата битолска чаршија до центарот на Лерин, Грција, како знак на отвореност на Битола кон Европа.Битолската актерка, Сандра Грибовска, која рече дека како мала била дел од Студиото, зборуваше за чичко Коста, како таа и останатите деца го именувале, ги наброја и дел од наградите кои му биле доделени на Хаџиантоновски, меѓународни, државни и општински, како “Климентовата награда“, општинската “4 ти Ноември“, за животно дело на Опптина Битола, Орденот на Фрнација за култура, награда Нехру за култура, медал на Хонг Конг, орден од Генерал штабот на Турција…Коста Хаџиантоновски беше роден 1935 година, заврши во класата на Борко Лазевски и Лазар Личеноски. Од 1981, односно 40 години раководеше со Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ кое тој го основа. Почина на 86 години во Битола.

[ngg src=”galleries” ids=”682″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]