Press "Enter" to skip to content

Фото вест: започна вакцинацијата во Битола, пункот е во школската амбуланта во “Даме Груев“

Денес и официјално започна вакцинацијата во Битола која се одвива во амбулантата на ОУ „Даме Груев“ во Битола, а денес на првиот дел можат да се вакцинираат граѓаните закажани преку “Мој Термин“, без гужви и нервози.

Екипата од Здравствениот дом ги заврши подготовките за вакцинацијата, за да денес, се се одвива во најдобар ред, а граѓаните кои  се вакцинираа, се надеваат на подобро, да го нема ковидот.

За денес и во наредните денови ќе се вакцинираат по 100 битолчани, во Битола се пристигнати 1.400 вакцини.