Во последните 24 часа се направени 3.978 тестирања, а регистрирани се 1.402 нови случаи на Ковид-19 во од кои во Битола се 105.
Регистрирани се 761 оздравен пациенти од нив од Битола се 45.
Направени се преку ЦЈЗ Битола-101 и “Плодност“ 62 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 629.233 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 131.424, бројката на оздравени пациенти е 107.740, на починати е 3.810, а бројот на активни случаи изнесува 19.874.
Според епидемиолошки анализи дистрибуцијата во Битола има досега 4.524 позитивни и активни 802 случаи.






