Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола променливо облачно со сончеви периоди, попладне врнежи од дожд

Денес, петок, 2 април, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локални врнежи од дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Температурата во Битола до 22 степени.

Утре, сабота, 3 април, во Битола времето ќе биде променливо облачно со повременo умерен до пороен дожд и со локална појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од западен правец. Температурата во Битола до 19 степени.