Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 4.174 тестирања, а регистрирани се 1.320 нови случаи на КОВИД-19, од кои во Битола се 113 лица.
Регистрирани се 457 оздравен пациент од кои во Битола се 15.
Пријавени се вкупно 50 починати лица од кои од Битола се 3 пациенти на возсраст од 73, 69 и 55 години починати во домашни услови.
До сега во Битола 4.637 лица биле или позитивни на ковид-19, а активнисе 897 случаи.
Направени преку ЦЈЗ Битола 151 ковид тестови, а преку болница “Плодност“ 62 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 633.407 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 132.740, бројката на оздравени пациенти е 108.197, на починати е 3.860, а бројот на активни случаи изнесува 20.683.






