Press "Enter" to skip to content

Министерот за здравство во посета на Клиничката болница во Битола

Денес во Битола, во посета на клиничката болница во Битола, беше министерот за здравство, Венко Филипче, кој зборуваше за модуларната болница во Битола и процесот на вакцинација.

-Завршена е модуларната болница во Битола која има три објекти и е најголема во државата.  Таа е подготвена во секој момент да прими ковид пациенти доколку тоа е потребно. Има сосем доволен број на болнички кревети секој пациент ќе ја добие потребната здравствена заштита. Системот на модуларни болници опфаќа 19 објекти во 16 општини, овде во Битола три, што го прави битолското ковид одделение најголемо во државата. Тоа може да одговори на потребите согласно бројот на жители, граѓани, пацинети од целиот регион кои се лекуваат во оваа болница, рече министерот за здравство при посетата на Клиничката болница во Битола.

Филипче за престојниот процес на вакцинација против ковод-19 рече:

-Процесот на вакцинација против Ковид 19, како во Битола така и во останатите градови низ државата се одвива добро, никаде нема посериозни проблеми. Сега се соочуваме со пикот на досега веројатно најсилниот бран. На голем број пациенти им е потребна соодветна здравствена заштита. Апелирам граѓаните да ги почитуваат мерките, дури и кога ќе бидат вакцинирани.

Во Битола се белеќат најголем број на позитивни лица на двевна основа, а на Инфектовното одделение има голем број на пацинети, а според зборовите на Билјана Гагачева, директор на клинилката болница има уште 30 слободни кревети.