Press "Enter" to skip to content

На 1. април, учениците од “Св. Кирил и Методиј“ со маски на омилени ликови ги заменија заштитните маски (фотогалерија)

Во ОУ “Кирил и Методиј“ во Битола, по повод Денот на шегата, низ училниците, ходниците и шкоклиот двор беше шарено, а имаше принцези, гусари, пирати, пеперутки, робот, исто така и костими од херои на денешницата, доктори, сестри, ликови од бајките Снежена, Бел, низ гфотографиите и костим составен од детски  рингишпил,  сето тоа средено со имагинацијата и креативноста на родителите и децата им немаше крај. Добро е макар за еден ден да се биде во кожата на својот омилен или некој друг лик од филм, бајка, книга, стрип или мјузикл…Вчера, 1 април беше посебно радосен ден за учениците кои доаѓаат со физичко присуство во УО „Св Кирил и методиј“ во Битола кои за миг  ги подзаборавија маските кои учениците  мора постојано да ги носат во училиште за заштита од корона вирусот. Нив ги заменија со маски  на своите омилени ликови, секако и пропратните костими на своите омилени ликови. За еден ден во своите фантазии, уживаа и се забавуваа. Директорот на училиштето, Душко Костовски, изјави:-Како и секоја година така и оваа не изостана традиционалното маскирање, но оваа година немаше дефиле низ дворот или на Широк Сокак,  заради строго почитување на меркитеза заштита од корона вирусот.  Учениците беа во своите училници заедно со своите наставнички поделени во групи како и што доаѓаат на училиште. Учениците кои учат он лајн исто така беа  маскирани, но во домашни услови и пратија фотографии.Педагогот во училиштето Мирјана Лавуровска, годинашното одбележување на денот на шегата рече:-Во целото мое долгогодишно искуство можеби најмирен 1 април, но сепак колку беше убаво да се видат учениците како претворени во својот омилен лкк се претставија пред своите соученици и се радуваа. Наставничките направија фотографии кои  се многу интересни и кои и по некое време ќе бидат сведоци за тоа како се празнуваше во време на пандемија, кога учениците даѓаат на училиште според посебни мерки на заштита.Со вчерашното маскирање на учениците, родителите, учениците и наставниците макар за миг или еден ден заборавија на тежината која ја носи пандемијата и ги заменија заштитните маски со маски на омилени ликови од бајки, стрипови, филмови…

Жанета Ристевска