Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 101 нови позитивни, оздравени 15, починати 2, хоспитализирани 112

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 4.920 тестирања, а регистрирани се 1.394 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола се 101.

Регистрирани се 479 оздравени пациенти од Битола се 15.

На инфектовното одделение во болницата во Битола се хоспитализирани 112 пациенти позитивни и суспектни на кодид-19.

Досега во Битола има 4.738 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а денес активни има 981 случаи.

Пријавени се вкупно 45 починати лица од кои од 2 се Битола на 79 и 71 години починати во болнички услови.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 101 ковид-19 тестови и болницата “Плодност“ 63 ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 638.327 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 134.134, бројката на оздравени пациенти е 108.676, на починати е 3.905, а бројот на активни случаи изнесува 21.553.