Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: групна тепачка и нападната жена од две кучиња

На 03.04.2021 во 20,46 часот било пријавено дека во Битола бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу две лица од една страна и четири лица од друга страна сите од Битола. Се работи на расчистување на случајот. 

На 03.04.2021 во 21,50 часот В.Г. (23) од Битола пријавил дека истиот ден околу 20,25 часот во Битола на ул. “Неолица“ видел како две кучиња кои биле сопственост на лице од Битола  нападнале 49 годишна жена од Битола која се здобила со телесни повреди констатирани во Клиничката болница Битола. Се работи на расчистување на случајот.