Во последните 24 часа се направени 3.246 тестирања, а регистрирани се 734 нови случаи на КОВИД-19, од кои во Битола се 75.
Регистрирани се 621 оздравени пациенти од кои од Битола се 18.
Пријавени се вкупно 35 починати лица од кои 6 од Битола на 88, 84, 75, 63, 63 и 59 години во болнички услови.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 113, а преку болницата “Плодност“ 72 ковид-19 тестови.
Во Битола до сега има 4.813 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни 1.032 случаи.
Досега во земјата се направени вкупно 641.573 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 134.867, бројката на оздравени пациенти е 109.297, на починати е 3.940, а бројот на активни случаи изнесува 21.630.






