Press "Enter" to skip to content

Разговори во паркот, Ангела Илиевска, млад талент: музиката ме исполнува и ме прави среќна

Корона кризата, кај нас во Битола, со цела неизвесност, страв, дилеми и предизвици кои ги донесе  со себе го промени начинот на живеење и размислување. Разговорите во живо со моите соговорници заради мерките на претпазливост и ковид кризата,  спонтано се пренесоа во градскиот парк во Битола од каде произлезе рубриката  “Разговори во паркот“. Една година потоа, заради пандемијата  која се уште трае, но и  со убавото време повторно сме на ова совршено место за опуштен разговор со нови соговорници од нашиот град, од Битола. Тие  ќе откриваат за себе  интересни настани, детали од животот низ т.н. „Walk and Talk“. Тука како времето да престанало  како да нема ништо лошо во светот и се е убаво, романтично, мирно од тревата, дрвјата, цвеќињата наоколу.Идеално место за разговор  во Битола со младата талентирана пејачка Ангела Илиевска со која низ разговор и  фотографии  ќе ја откриеме младата поп пејачка и ѕвезда во подем. Ангела иако  има само 17 години, се однесува многу професионално кога станува збор за нејзината музичка кариера. Многу одговорно и сериозно пристапи кон овој разговор и фотографирање. Повод за разговорот беше  освоеното прво место и најдобар женски ковер  на конкурсот за  „Balkanski COVER  & talent“.  Ангела досега учествувала на многу музички натпревари, фестивали, аудиции и  шоуа за таленти Ѕвезда број 1 во Македонија, „Неки нови клинци“ во Србија. Таа има свој Ју тјуб канал каде поставува свои видеа кои ги снима во студиото на својот татко, Игор Илиевски, солист во групата “Фонтана“. Учествуваше на концертот на филмска музика со солисти во придружба на камерниот оркестар “Film music rhapsody“ на летната сцена на античкиот театар во Хераклеа како млад талент. Пред неа уште многу концерти, фестивали и музички натпревари.

Вака започна за себе…-Започнав со пеење уште од мали нозе. Музиката ме исполнува, ме прави среќна. Израсната сум од музичка фамилија, а музиката беше насекаде околу мене во семејството. Со музика се занимавале моите прадедо, дедо. Мојот татко, Игор Илиевски, исто така пее тој е  вокал во групата “Фонтана“. Мојот талент за пеење е наследен од него и се гордеам со тоа, а тој е секогаш тука  секогаш е тука да ме поддржи во секеква смисла, да ми даде совети за пеењето и да ми покажи како треба да изгледам на сцена. Моите родители се мојата најголема поддршка. Уште од мала одев во нижо музичко училиште на соло пеење. Мој идол од мала Каролина Гочева која ми е инспирација и до денес. Знам дека за се во животот, па така и во ова потребна е упорност, јас не се откажувам лесно и знам дека овој пат е трновит и тежок. Знам има и успеси и неуспеси со кои треба да се соочиме. Исто така знам дека треба многу да вежбам бидејќи талентот без работа нема успех. Само дел е талент, а другото работа, откажување, труд.

Образование

-Основно образование учев во ОУ “Гоце Делчев“, уште од мала учествував на училишни приредби,  на многу натпревари за пеење, благодарност до професорката Марија Арсиќ што ми помогна и ме насочи кон музиката. Средното образование го продолжив  во Државното средно музичко училиште. Учам во  3-та година. соло пеење кај професорката Маја Митровска, а класен раководител Кирил Стојчевски. Голема поддршка имам од моите професори во музичкото училиште, но и од моите соученици во класот. Тоа ми дава поттик и мотивација да продолжам понатаму да учествувам на музички натпревари, фестивали, он лајн музички случувања.

Учество на натпревари, аудиции и шоуа за таленти

-Уште од мала учествував на приредби во училишптето сакав сцена, глума. Потоа учествуваав и на многу натпревари по пеење на општинско и регионално ниво каде освојував награди. На 15 години се пријавив на аудиција за шоуто “Неки нови клинци“ во  Србија  на кое се откриваа млади талентиод целиот Балкан и поминав на аудицијата во Ниш. Потоа отидов на шоуто, но после вториот круг не продолжив понатаму, но тоа не ме обесхабри туку за мене беше големо искуство на настап на голема сцена пред жири од познати музички имиња во Србија и Балканаот. Потоа учествував и на шоу за таленти “Ѕвезда број 1“ во Македонија во Скопје 2019 година. Со пандемијата се се случува он лајн па и многу фестивали, натпревари.  Учествував на многу  онлајн фестивали и тоа  во Молдавија и Ерменија како претставник на  фестивалот Тра ла ла. Имам свој канал на Јутјуб  со мои ковери кои се направени со помош на мојот татко во нашето студио.  Последно сега во март  2021  се пријавив  на конкурсот за  „Balkanski COVER  & talent“ и освоив прво место.

Ситуацијата со пандемијата која донесе нова реалност он лјан преставувања на естрадните уметници. Твое мислење околу ова?-Учествуваав на многу натпревари и он лајн  случувања, но мене ми недостига сцена која многу ја сакам од мала, сцената ја има магијата да ги направи песните посебни, во домашни услови тие не ја имаат вистинската вредност. За се треба вистинско место. Последен пат имав настап  во живо во амфитеатарот Хераклеа на “Musicland 2020“.

“Musicland 2020 – Film music rhapsody“ – концерт на филмска музика со солисти, млади таленти меѓу кои учествуваше и ти. Кажи ни повеќе?-Овој концерт се одржа на летната сцена на античкиот театар во Хераклеа на 27 јули 2020 година со почитување на мерките за заштита од ковид одреден број публика и седење на далечина. Чест ми беше да учествувам меѓу други млади таленти во придружба на камерниот оркестар. Беа изведени тринаесет музички евергрини од познати филмови. Се претставив со евергринот  „I will always love you“ од филмот Bodyguard. Настапив со уште 12 други млади таленти ќе набројам тука само некои  Тамара Стојковска, Емилија Димовска, Марија Станковска, Христијан Тоневски  и други. Немам зборови кои би го опишале возбудата, чувството кое се јавува на сцената на античкиот театар во Хераклеа во летна убава ноќ преполна со звезди. Сакам вакви настапи во живо на сцена кога се пренесуваат емоциите на публиката и сето тоа има некоја посебна магија.  На сите ни недостигаат концерти и на публиката и нам на пејачите.

Најдобар женски вокал и  Прво место на конкурсот за  „Balkanski COVER  & talent“. Кои се твоите планови во иднина?-Учествував на конкурс за “Најдобар Балкански Кавер и Талент“и го освоив првото место  во категорија – Најдобар женски ковер. Тоа ме мотивира за понатаму. Мои идни планови се да снимам своја песна која ќе биде моја авторска, по која ќе ме препознаваат. Моментално работиме на тоа со повеќе музички соработници. Сигурно е дека вашиот портал ќе биде прв известен, бидејќи имам голема поддршка од вас. Низ разговорот кажа дека многу ја сака музиката, која ја прави среќна, но исто знае дека само  со упорност и работа се постигнува успех. Сигурна сум дека со сериозно пристапување кон својата кариера и професионалност на која би и позавиделе и колеги со поголемо искуство, таа ќе продолжи да ниже успеси. Со свои 17 години пред неа стои цел живот… и уште голем  број авторски песни, фестивали, концерти и успеси за кои ќе пишуваме.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »