Press "Enter" to skip to content

Во Битола 97 нови позитивни на ковид-19, оздравени 36, починати 4, хоспитализирани 123

Според информации на Министерството за здравство во последните 24 часа се направени 4.555 тестирања, а регистрирани се 1.259 нови случаи на ковид-19, од кои во Битола се 97 лица нови кои се позитивни на корона вирус.

Регистрирани се 751 оздравени пациенти од кои од  Битола се 36 лица.

Во двата ковид центри во Битола на Инфективното одделение и на Физикално одделение се хоспитализирани вкупно 123 пациенти, вклучувајќи ги и пациентите кои што доаѓаат во дневна болница кои што доаѓаат за примање на антикоагулантна терапија. 

Пријавени се вкупно 45 починати лица од кои 4 се од Битола на 81, 62, 61 и 60 години починати во болнички услови.

До сега во се регистрирани 4.911 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 1.053 случаи.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 109, а преку “Плодност“ 64 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 647.559 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 136.426, бројката на оздравени пациенти е 111.139, на починати е 4.022, а бројот на активни случаи изнесува 21.265.