Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 4.598 тестирања, а регистрирани се 1.174 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Битола се 74.
Регистрирани се 811 оздравени пациенти, а од Битола се 33.
Пријавени се вкупно 42 починати лица, од Битола се две лица.
До сега во Битола има 5.204 лица кои биле или се позитивни на ковод-19, а активни се 1.285.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 100, а преку болница “Плодност“ 80 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 660.522 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 140.065, бројката на оздравени пациенти е 113.430, на починати е 4.150, а бројот на активни случаи изнесува 22.485.






