Денес, петок, 9 април, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 12 степени.
Утре, сабота, 10 април, во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 12 степени.






