Денес започнаа да се поставуваат нови канделабри на пешачката улица, односно на Булеварот “1-Мај“ во Битола, од левата страна на реката Драгор, над Ленски Мост, се до мостот кај Безистенот.
Оваа улица на радост на дуќанџиите од тој дел на Старата чаршија полека започна да заживува, а од ден на ден е се посетена. Дуќанџите велат дека битолчани откако е реконструирана се повеќе се одлучуваат да поминуваат и да пазаруваат.
Сега на улицата има и два угостителски објекти, една кафеана и ново отвореното кафуле, а има најава и за отворање на трето кафуле, а како велат дуќанџиите ова место покрај Драгор ќе биде убаво место за нова кафе-шема.






