Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево со мала до умерена облачност

Денес, сабота, 10 април, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи по студеното утро, преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб претежно јужен ветер. Температурата во Битола до 16 степени.

Утре, недела, 11 април, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 18 степени.