Press "Enter" to skip to content

Институтот за јавно здравје: изминатата седмица Битола со 916 случаи, со највисока неделна инциденца

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, за периодот од 12 до 18 април 2021, кога се тестирани се вкупно 21.763 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV, Битола со 916 нови позитивни на ковид-19 е со највисока неделна инциденца од 397,4/100.000.

Институтот за јавно здравје регистрира и намување од 20,4% во однос на минатата недела, за која се регистрирани сe 5.199 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 24,3% во однос на минатата недела.Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.086; 40,1%), со неделна инциденца – 337,7/100.000. 

Процентот на позитивност се движи од 15,3 до 27,9%, просечно 22,6 %.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.722, 33,1%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=919; 17,7%), 40-49 (n=882; 17,0%), 30-39 (n=835; 16,1%) и 20-29 (n=506; 9,7%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=95; 1,8%) и 10-19 години (n=240; 4,6%). Се забележува намалување кај сите возрасни групи во споредба со минатата недела.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 5.921 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 3,1% во споредба со минатата недела.

Возраста на заболените се движи од 0 до 101 година (просек – 46,0 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 37.002 (24,8%) каде е регистриран и највисок специфичен морбидитет од 9.653,8/100.000. Најнизок специфичен морбидитет од 1.237,7 и 2.610,6 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 2.833 и 6.532 случаи 

Пријавени се 206 смртни случаи од 26 градови, 25,4% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 175 лицa биле над 60 години, 20 лица на возраст од 50-59 години, по 5 лица од возрасните групи од 40-49 и 30-39 години и еден од 20-29 години.

More from ВестиMore posts in Вести »