Во последните 24 часа се направени 3.171 тестирања, а регистрирани се 766 нови случаи на КОВИД-19 во, од кои во Битола се 80.
Регистрирани се 1.118 оздравени пациенти од кои од Битола се 101.
До сега во Битола има 5.812 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 1.211 случаи.
Во клиничката болница денес наутро, на Инфективно, Физикална и Модуларната болница имаше 134 хоспитализирани лица, позитивни или суспектни на ковид-19.
Пријавени се вкупно 31 починато лице, од кои 4 починати лица се од Битола на 58, 64, 79 и 84 години во болнички услови.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 85, а преку болница “Плодност“ 58 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 695.267 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.995, бројката на оздравени пациенти е 124.828, на починати е 4.509, а бројот на активни случаи изнесува 18.658.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 65667, активни 8401
Куманово 8130, активни 1183
Прилеп 7951, активни 910
Тетово 6945, активни 655






