Press "Enter" to skip to content

И оваа среда педесетина битолчани се тестираа за дарување крвна плазна за заболените од ковид-19

Како и претходните среди во Регионалниот центар за транфузиона медицина во Битола ја покажаа својата хуманост и масовно се пријавуваат за дарување конвалецентна плазма со надеж дека ќе спасат нечиј живот. Денес на педесетина битолчани им беше земено крв за испитување, а потоа ќе им биде јавено на кој и во кој ден ќе бидат повикани да даруваат крв. Се прави тестирање на крвта за болести кои можат да се пренесат на примателот, битно е и присуството на антитела.

Хуманоста на дарителите е на високо ниво, велат од битолска трансфузиологија. Интересот е голем, а со оглед на тоа што се и регионален центар, плазма даруваат и граѓани од околните градови.-Претходно земаме анамнеза од потенцијалните датрители дали се здрави, дали се доволни излекувани, и дали може да даруваат плазма. Секако дека правиме и претходни испитувања, сите дополнителни анализи кои треба да се направат, треба да се задоволителни за да дарува плазма. Покрај другите анализи, се прави тестирање на крвта за болести кои можат да се пренесат на примателот, битно е и присуството на антитела, рече д-р Златка Стојановска, раководител на Служба за трансфузиона медицина Битола.

Од Ковид центарот во Битола постојано има побарување за конвалесцентна плазма.-Од Ковид центарот секој ден пристигнуваат во 4 до 5 барања, зависи од денот, ние успеваме понекогаш комплетно да задоволиме, понекогаш чекаат ден или два, во зависно од крвната група. Ќе потенцирам дека крвната плазма е помош во болеста, не е лек. На некој начин помага, механизмот е имунолошки, многу е важно да се даде на почетокот на болеста, изјави д-р Лидија Стојанова Вилос, раководител на Регионален центар за трансфузиологија Битола.

Хуманоста на дарителите е на високо ниво не само од Битола, со оглед на тоа што се и регионален центар, плазма даруваат и граѓани од околните градови.

More from ВестиMore posts in Вести »