Press "Enter" to skip to content

НУУБ “Св. Климент Охридски“ го одбележа 22 април, Денот на планетата земја

По повод одбележувањето на 22 април, денот на планетата земја, НУУБ “Св. Климент Охридски“ од Битола одржа работилница во рамки на проектот “Читаме он-лајн приказни на деца и родители во време на пандемија ковид-19“ со поддршка на Министерството за култура.

Активноста се состоеше во разговор со децата за зачувување на нашата планета, потоа ја цртавме Планетата земја и преку едукативни и забавни видеа им укажавме на децата за загадувањето на воздухот, водата и штедењето на струја.

Земјата и нејзините еко системи се наш дом. Со цел да се постигне рамнотежа, неопходно е да се сака и негува природата учејќи ги децата од најрана возраст. Меѓународниот ден на планетата Земја се одбележува за да се потсетиме сите дека Земјата и нејзините природни убавини ни даваат живот и добро здравје. Овој ден, исто така ја поттикнува нашата одговорност за природата на планетата Земја во целина, како да се однесуваме кон истата и што можеме да направиме за да и помогнеме да остане чиста и здрава. Денот на планетата Земја претставува можност секој од нас како дел од планетата да размисли за своето однесување спрема Земјата, дали се однесуваме правилно и одговорно, и што можеме да направиме да биде почиста и поубава. Бидејќи само здрава и чиста животна средина може да ни овозможи квалитетен живот.

Работилницата ја реализира Гзиме Коминовска со помош на библиотекари од одделението за развој на библиотекарството. За првпат Светскиот ден на планетата Земја е одбележан на 22 април 1970 година во САД, а од 1992 година и во целиот свет.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »