Press "Enter" to skip to content

Се дислоцира и реконструира одводниот канал под Тумбекафе

Во тек се градежни активности на дислокација и реконструкција на постоечкиот канал, од подножјето на Тумбе Кафе до патот за село Лавци во должина од 2052 метри, кој ја  попречуваше реализација на низа инфраструктурни проекти, а со оваа интервенција се врши на еден дел негово препокривање, дислокација и реконструкција.Градоначалничката Наташа Петровска изврши увид во градежните активности, при што беше запозната со динамиката на работа на оваа делница.-Каналот ги собира атмосферските води од Лавчанскиот дел  па сè до Тумбе кафе. Овие градежни активности се со средства во висина од  над 35.000.000 денари и се значајни и поради продолжување на натамошните инфраструктурни зафати на ул. „Крушевска Република“, која што е започната на две делници. Само во овој потег каде што се наоѓаме, вкупните градежни активности се над 6.500.000 евра, од кои што 5.500.000 милиони евра се директно средства исплаќани од буџетот на Општина Битола, рече Петровска.