НУ Универзитетка библиотека “Св. Климент Охридски“ од Битола по повод одбележувањето на 23-ти април Светскиот ден на книгата и авторските права, ги повика сите читатели на Библиотеката и битолчани да се вклучат во двете активности насловени како “Корица на мојата омилена книга“ и “Книгата е моето второ јас“.
Задача на читателите кои сакаат да се вклучат во активностите на Градската библиотека од Битола е да креираат корица на книга и да направат интересна фотографија која најмногу ќе ги опишува.
Битолчани преку овие активности имаат можност да бидат креативни, а при тоа сами да бидат автори, дизајнери и фантазери.
Сите заинтересирани можат да ги испратат своите креации на електронската адреса:
nuub.bitola@gmail.com.
Сите постови ќе бидат објавени, а најдобрите корици на книги ќе бидат и наградени.









