Денес, петок, 23 април, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд. Температурата во Битола до 13 степени.
Утре, сабота, 24 април, во Битола времето ќе биде облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, пообилни во утринските часови. До вечерните часови врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 8 степени.






