Денес во фоајето на Центарот за култура во Битола, беше затворена изложбата на фотографии и документи “Наши години“, која беше отворена во пресрет на 25-ти април – денот на основањето на ДНУ/МНД-Битола, Македонско научно друштво-Битола, според сите пропишани протоколи.
Изложбата ја затвори претседателката на МНД Битола, доц. д-р Невена Груевска која повтори дека таа, како моите претходници ја почитуваме нашата историја и ја негуваме традицијата, а април, месецот кога го славиме нашиот роденден секогаш ни претставува мотив плус, за несебично да го вложиме нашиот креативен потенцијал, и да организираме различни академски манифестации, како што беше и оваа изложба која денес ја затвораме.
На затворањето на изложбата беше и д-р Сашо Кочансковски, потпретсдател на МНД Битола.
На затворањето на изложбата претседателката на МНД-Битола доц. д-р Невена Груевска додели “кристална коцка“ на член од семејството Струмениковски и јавна благодарница затоа што идејното решение на академскиот сликар Ранко Струмениковски и ден денес е амблем на Друштвото со кој се препознаваме во државата и странство.
Амблемот на МНД-Битола е илустриран на јубилејната кристална коцка која денес е врачена на д-р Тања Струмениковска – Ристевска која воедно е редовен член на МНД-Битола, која на доделувањето на “кристална коцка“ рече:
-Посебно со емоции ги примам признанијата, постхумно, за мојот татко Ранко Струмениковски, кој беше еден од првите членови на МНД Битола, тогаш ДНУ Битола. Тој беше автор на идејното решение на грбот на МНД, а посебно ме радува дека и по 60 години е истиот грб. Струмениковски покрај на овој грб е автор на многу препознатливи битолски логоа, како “Лозар“, “Пелистерка“, “Битолатекс“ и други. Во знак на сеќавање на неговото дело и она што го има оставено ние, семејството, подготвуваме спомен галерија, која ќе го носи неговото име, а таму секако на видно место ќе биде поставена оваа “кристална коцка“ од МНД Битола.

Затворена изложбата “Наши години“ на МНД – Битола, “кристалната коцка“ постхумно за Ранко Струмениковски (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер поразен од Работнички откако имаше +14, по неизвесна завршница во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Битола и Виченца: успешна графичка приказна “Огледало – очи в очи“ во галеријата “Ранко Струмениковски“
- Благој Димитриев: да ги исправиме грешки и да го изненадиме Работнички
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 18 степени
More from КултураMore posts in Култура »
- Битола и Виченца: успешна графичка приказна “Огледало – очи в очи“ во галеријата “Ранко Струмениковски“
- “Патот станува место“ изложба на Ангела Каранфилова и Кристина Таневска (фотогалерија)
- Македонската филхармонија го изведе “Музички код“ во Битола (фотогалерија)
- Македонската филхармонија во Битола со концерт “Музички код“
- Игор Трајковски – Фоја: секое мое доаѓање во Рим открива нов слој од градот, но и од самиот себе (фотогалерија)









