По неколку години ракометна криза финалето на Ракометниот куп беше во Битола, а пехарот, за жал, не остана во Битола, како што посакуваа 5.000 љубители на ракометот, туку отпатува за Скопје, кај Металург, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство, за ракометниот куп кој во 2011 година се одржа во Битола.
-Металург дојде до пехарот по драматичното финале во кое ракометарите на Пелистер, а финалето ќе остане запаметено по фантастичната атмосфера и многуте забелешки на судиските одлуки, неколку непостоечки пенали, неизедначен критериум на двете страни и на крај со многу тага кај “пелистерци“ кои во неколку наврати направија 4 гола предност.
Но, по 23 минути игра во второто полувреме “пелистерци“ постигнаа само 4 гола, што беше малку за победа, а Металург имаше одлична серија 7:1, која и му ја донесе победата, стои во новинарскиот бележник на Миновски.
Овој ракометен куп во Битола остана забележан и по најавата за враќање на некогашниот спонзор на Пелистер, ГП “Пелистер“, односно Силјан Мицевски, кој им ги додели пехарите и медалите на финалистите, а лично на новинарите и останатите им најави можно враќање во клубот.
Моцарто, Калешо, Тосе, Дуко, Пеце, Ќани, Иве, Кире, Циле, Спире, Димче, Боро, Цане, Звонко, Дане, Абдула, Стевче се само дел од 35-те имиња кои од страна на Ракометната федерација на Македонија, добија плакети за развој на ракометот во Битола.

Деновиве пред 10 години: Битола домаќин на Купот, Металург подобар од Пелистер во финалето (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес затворање на Фестивалот на монодрама со доделување награди и претставата “Гидионовиот јазол“
- Денес, 10. седница на Советот на Општина Битола
- Во Битола сончево, температурата до 23 степени, од утре заладување
- Зоран Стојчевски е назначен за претседател на Општинската организација на СДСМ Битола
- Четворица јавачи на импровизацијата на Меѓународниот ден на џезот Битола 2026










