Press "Enter" to skip to content

Македонското научно друштво од Битола на наставниците им подари прирачник “Ајде да зборуваме и да пишуваме правилно македонски“ (фотогалерија)

Македонското научно друштво од Битола на наставниците од основните и средните училишта во овој град им подари прирачник со наслов „Ајде да зборуваме и да пишуваме правилно македонски“, кој им ги подели претседателот на МНД-Битола, доц. д-р Невена Груевска.Груевска на свеченоста која се одржа во Универзитетската библиотека во Битола, истакна дека грижата за македонскиот јазик во научното друштво се води од првиот ден на формирањето, во текот на повеќе од шест децении, а така е и денес.-Подготвувајќи се за овој настан, уште еднаш се навратив на Записникот на младите битолчани интелектуалци кои пред 61 години го формираа Научното друштво. Во тој документ посочено е дека нивниот основен мотив е да им се овозможи на сите културно просветни и други работници афирмација во однос на научно прибирање и публикување на разни трудови на македонски јазик. Грижата за македонскиот јазик во нашето Научно друштво се води од првиот ден, во текот на целиот изминат период, а така е и денес. Но, оваа година, ние, нашата генерација имаме дополнителен мотив поврзан со големиот јубилеј 100 години од раѓањето на академик Блаже Конески, еден од втемелувачите и кодификаторите на современиот македонски литературен јазик, и додаде:-Како што е познато нашите програмски активности ги посветуваме на овој јубилеј, и затоа со одлука на Управниот одбор, точно во овој месец, кога славиме уште еден значаен датум- 24-ти мај денот на македонските просветители “Св. Кирил и Методиј“ прогласени за патрони на Европа (признание дадено од Ватикан) со својата извонредно важна и суштинска мисија , да се потенцира значењето за единство на европските народи, чие културолошко мото е – единствени во различноста, а впрочем и во таквиот космоплитизам е есенцијата на заложбите на Кирил и Методиј, чие битие за навек се вкорени во културната историја на Европа, го организираме овој промотивен настан низ кој на сите наставници во основните и средните училишта во Битола им подаруваме по еден прирачник со наслов „Ајде да зборуваме и да пишуваме правилно македонски“.Автор на прирачникот со наслов „Ајде да зборуваме и да пишуваме правилно македонски“ е членот на МНД – Бтола, лектор и публицист Здравко Божиновски, научен работник, еден од најстарите членови на Македонското научно друштво во Битола од 1963 година.Божиновски кој им се обрати на присутните и рече дека мора секој кој се занимава со македонскиот јазик да ја има оваа мала брошура, а мора да се пази на некои работи од македонскиот јазик, како членувањето, употреба на голема и мала буква, бидејќи како рече се најголеми грешки посебно во пишувањето на документи во администрацијата.На свеченото доделување на прирачник со наслов „Ајде да зборуваме и да пишуваме правилно македонски“ се обрати и членот на МНД Битола, адвокатот Никола Главинче.Тој ја најгласи правилната употреба на македонскиот јазик, за што овој прирачник ќе им биде од голема помош на сите наставници по македоски јазик, секако и на останатите и дека се надева дека и во иднина МНД Битола ќе има прилика да печати и подарува слични изданиа за зачувување и правилна употреба на македонскиот јазик.Сите наставници и директори од основните и средните училишта во Битола се заблагодарија за прирачните и подвлекоа дека ќе им бидат од голема корист на сите наставници, но и дека ќе бидат дел од училишните библиотеки и ќе ги користат сите учениците и наставниците.

С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »