Press "Enter" to skip to content

Утре започнува 40 јубилејно издание на “Малиот Битолски Монмартр 2021”, без децата и без чичко Кочо

Утре, традиционално, како и во изминатите 39 години,  пред просториите на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ во Битола, свечено ќе се отвори 40-то јубилејно издание на „Малиот Битолски Монмартр 2021” и 39-та Меѓународна изложба на детски ликовни творби “Битола 2021”.

Исто како и изминатата година, и годинава поради пандемијата „Малиот Битолски Монмартр 2021” ќе биде без децата од целиот свет, кои ќе беа гости во Битола, и кои го разубавуваа градот на крајот од мај, но и без идејниот творец на оваа межународна манифестација, Хоста Хаџи Антоновски, кој почина мпред 40 јубилеј на детското студио.

И годинава, според Елена Хаџиантоновска, од “Мал битолски монмартр“ достојно ќе го прослави овој јубилеј, ќе имаме гости годнава, вакцинирани, а поосебно им е чест што ќе дојде добитникот на Гран при наградата и додаде:

-Она што сите не растажува во очи на ова јубилејно издание, е тоа што пред скоро време го изгубивме таткото на Малиот битолски монмартр, таткото на сите деца, исто така и мојот татко, кој за жал за многу малку не го дочека ова јубилејно издание. Но сега јас сум тука, сите соработници, пријатели, вљубеници во уметноста, учесниците, гостите да ја продолжиме неговата мисија достојно и гордо, и да го разубавуваме во иднина.

Министерството за Култура и Општина Битола ја подржаа манифестацијата и годинава, а свеченото затворање на Малиот Битолски Монмартр 2021 биде на 27 мај од 12-14 часот со час по ликовно на отворено со децата од градинките и основните училишта со своите ликовни ментори од Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »