Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 1 нов позитивен на ковид-19, починато едно лице, хоспитализирани 10 пациенти

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, а во последните 24 часа се направени 3.109 тестирања, а регистрирани се 16 нови случаи на КОВИД-1 од кои од Битола е едно лице.

Регистрирани се 38 оздравени пациент, а нема регистрирани од Битола.

На инфективното одделение во Битола два пациенти биле примени на лекување, а немало испишани и бројката на хоспитализирани пациенти е 10.

Пријавени се вкупно 7 починати лица а едно лице од Битола на 67 години.

Направени се преку: ЦЈЗ Битола 70 и преку “Плодност“ 45 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 807.837 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.379, бројката на оздравени пациенти е 148.910, на починати е 5.442, а бројот на активни случаи изнесува 1.027.

More from ВестиMore posts in Вести »