Press "Enter" to skip to content

Цвеќе во чест на тројцата бранители од Битола кои загинаа 2001 година кај Гајре (фото)

По повод 20 години од загинувањето на т бранителите од Битола, регионалното одделението при Министерството за одбрана, денес органираше полагање на цвеќе во чест и слава на битолчаните Влатко Миленковски и Благојче Силјановски, како и Пеце Матичевски од Новаци, воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот Корпус, кои во заседа загинаа на 5 јуни 2001 година, во близина на селото Гајре.Во нивна чест денес пред споменикот „Ангел“ во паркот кај Градскиот часовник, посветен на загинатите бранители, цвеќе положија градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска и претставници од Советот на Општина Битола, градоначалникот на Општина Новаци, припадници на АРМ, припадници на МВР, одделенито за одбрана од Битола, претставници на СДСМ, претставници на ВМРО-ДПМНЕ, преставници на Синдикатот на РЕК “Битола“ и други.Како и секоја години тука беа и положија цвеќе семејствата, односно најблиските на загинатите Силјанов, Миленковски и Матичевски, со солзи во очите и тага во нивните срца.Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска по положувањето на цвеќе на споменикот рече:-Функцијата како градоначалник ми е најтешка во ваквите моменти. Станува збор за загуби за кои што и да направите нема надокнада, а тоа е загубата на човечки животи. Нека ваквите грешки на човештвото се поука дека дијалогот е единствениот начин на кој треба да ги решаваме проблемите. Човештвото треба да постои за да создава а не да разорува. Слава им на Пеце, Благојче и Влатко! Споменот на нив нека не чува разумни во нашите постапки. Менде Солунчевски од одделенито за одбана во Битола, потсети на случувањата во 2001 година и околностите во кои загинаат тројцата бранители кои беа во состав на Битолскиот курпус, за кои болката и непреболот, кај нивните семејства не стивнува и по 20 години.-Одделението за одбрана традиционално од 2003 година, го одржува овој настан посветен на нашите сожители кои го изгубија животот во 2001 година во извршување на борбени задачи во составот на резервниот состав на АРМ. Оваа година, како и претходната, поради вонредната состојба ќе има само полагање на цвеќе, а нема да се одржи Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко, Благојче и Пеце 2001“, рече Солунчевски.

По полагањето на цвеќето кај споменикот “Ангел“ делегациите се упатија и положија цвеќе и пред споменикот во поранешната касарна во Битола.                                                              С.Р.