Денеска 6 јуни, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола лишиле од слобода 35 годишно лице од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со кокаин, дигитална вага, поголема количина пари (денари и евра), две патнички возила, три патрони за пушка и делови од пиштол. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 6 јуни во 19.05 часот во Ресен на ул. “Иво Лола Рибар“, во заедничка акција од страна на ПС од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР и УПС од Полициско одделение за БПС од ОВР Ресен затекнато е 21 годишно лице од Битола, а живее во Ресен. При преглед кај лицето е пронајдена една најлонска паковка со 29,68 грама хероин. Истата со потврда за привремено одземени предмети е одземена, а лицето е лишено од слобода. До ОЈО Битола е доставена кривична пријава, и од страна на Основен суд Ресен, на лицето му е одреден 30 дневен домашен притвор.






