Press "Enter" to skip to content

Министерката Царовска во посета на ОУ “Елпида Караманди“

Министерката за образование и наука Мила Царовска и градоначалничката Наташа Петровска денес го посетија основното училиште „Елпида Караманди“ во Битола каде што со замена на прозорите кои беа стари 40 години е подобрена енергетската ефикасност на објектот.
 
-МОН инвестираше 3,4 милиони денари во ова училиште. Продолжуваме да инвестираме, бидејќи за квалитетно образование, неопходни се вложувања во инфраструктурата и опремата во училиштата, исто како што се потребни и добри, квалитетни и современи наставни програми, но и обучен и квалитетен наставен кадар. Во овие заложби не сме сами – градоначалниците целосно се вклучени во подготовките за успешен почеток и имплементација на образованите реформи,  рече Царовска.
 
Градоначалничката на Битола Наташа Петровска информираше дека општината ќе инвестира 21 милион денари за инфраструктурни зафати за основните училишта во градот, од вишокот средства од сметката за блок дотации. Исто така и општинските училишта, сопствените средства обезбедени од донации, ќе ги вложат во одредени инфраструктурни зафати.