Во сите основни и средни училишта во Битола, како и започна така и завршува оваа школска година, а помина со почитување на протоколите кои се пропишани за одржување на наставата со физичко присуство, а најголем дел од учениците со “он-лајн“ настава. Со физичко присуство учениците до трето одделение по избор на родителите, а исто и ученици од повисоките одделенија во помали училишта.
И последниот ден учителите, наставниците на своите ученици им го честитаа завршувањето на школската година, во училниците или преку компјутерските програми со кои ја следеа наставата преку цела школска години, преку “Мајкрософот тимс“.
Учителките, учителите и наставниците на сите ученици им посакаа убав летен одмор, со една желба во септември сите да бидат во школските клупи и да продолжат таму, на училиште, да учат, да другаруваат, да се смет, да се дружат…
Инаку, почетокот на оваа школска година наместо на 1 септември, беше одложен за 1 октомври, поради потребата протоколите за реализација на различни начини на настава да бидат законски усвоени во Собранието. За тоа како ќе започне новата 2021/22 година ќе зависи од тоа какви мерки ќе има во врска со коронавирусот во земјава.