Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: кражба во котларата на болницата, повреден параглајдерист, пронајдени гранати, сообраќајни контроли

На 10.06.2021 во СВР Битола било пријавено дека непознат сторител со употреба на сила влегол во котлара во ЈЗУ Клиничка болница – Битола во кругот на Болницата на ул „Партизанска“ и одзел разновиден алат и апарати. Увидот извршила екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.06.2021 во СВР Битола било пријавено дека во атарот на с.Трновци при спуштање со параглајдер со тешки телесни повреди се здобила Н.С.(62) од Русија, констатирани во Клиничка Болница Битола.

На 10.06.2021 во СВР Битола било пријавено дека при изведување градежни работи во близина на градскиот стадион „Под Тумбе кафе“ биле пронајдени три гранати. Вработен во Дирекцијата за заштита и спасување ги подигнал гранатите и констатирал дека се работи за артилериски гранати калибар 75 мм од Првата светска војна.

На 10.06.2021 во СВР Битола било пријавено дека во близина на базата на „Македонија пат“ во село Кукуречани, при вршење на работи, била пронајдена стара граната. Од страна на вработен во Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била подигната и било констатирано дека се работи за стара неиспукана артилериска граната од Првата светска војна калибар 155 мм.

На 10.06.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена контрола во областа на сообраќајот. Притоа, било констатирано дека 30 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, 12 возачи управувале возило без возачка дозвола, тројца возачи разговарале на мобилен телефон и четири возила биле со измината регистрација. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.