“Pelister Ultra-Trail®“, меѓународниот настан организиран од Здружение за поттикнување и промоција на спортот, спортски туризам и здравиот начин на живот “БОФ“ од Битола, (Bitola Outdoor Festival) и оваа година ќе се оддржува во најстариот Национален парк во Македонија, Националниот парк “Пелистер“ од Битола, од 26 до 28 јуни во рамките на “Bitola Outdoor Festival“.
“Bitola Outdoor Festival“, е иницијатива осмислена од вљубеници во планината од Битола, да ја поттикне јавноста да се вклучи во спортови во природа, да оди на планина и да ужива во придобивките што ни ги нуди природата. Самиот фестивал претставува збир на повеќе активности како планинско трчање, планинарење, велосипедизам, спортско качување, зимски активности како ски туринг и секако сето ова поткрепено со добра музика и забава на отворено.
Прекрасниот Национален парк Пелистер, над Битола, е отворена покана за секој љубител на природата. Фестивалот е прослава на сè што може да се ужива на отворено и на планина – свеж воздух, волшебни глетки и прекрасно зајдисонце, истовремено зближувајќи ги традицијата, културата, музиката, природата и спортските активности. Настаните на овој фестивал се внимателно креирани од страна на тим кои се долгогодишни планинари, алпинисти, тркачи по планински патеки, планински велосипедисти.
Оваа едиција на Pelister Ultra-Trail® ќе има две ULTRA-TRAIL® трка, кои трки се организирани според ITRA (International Trail Running Association) правилата и прописи за овој тип на трки, каде исто така секоја од трките соодветно носи одреден број на поени за UTMB®.
Во програмата ќе има други настани, активности, работилници, како “Tent Fest“ кај Ски-центарот „Ниже Поле“- Стрежево од петок, 25 јуни.
На 26 јуни е “Pelister Ultra-Trail“ планинарски трки, “Molika Trail 45K“ со старт на трката од Ски-центарот „Ниже Поле“- Стрежево . Molika Trail е планинска трка во должина од 45 км, со 2.820 метри искачување и 2.820 метри слегување. Трката е целосно во рамките на Националниот Парк Пелистер.
Втората трка е “Big Lake Trail 18K“ со старт на трката од Ски-центарот „Ниже Поле“- Стрежево. Почетокот на Big Lake Trail 18K, пократката од двете трки е во 08.00 часот ски-центарот „Ниже Поле“- Стрежево, патеката се движи по познатиот Дебел Рид се до најмаркантниот заштитен знак на Пелистер – Големо Езеро.
Во рамките на овогодинешниот Bitola Outdoor Festival, кај спортско-качувачкиот локалитет „Црн Камен“ во Националниот парк Пелистер (на 20 минути пешачење од село Магарево) ќе биде организиран outdoor настан “PELISTER ROCK CLIMBING“.
Рекреативната “Hiking Waterfall“ во Национален Парк Пелистер,на 27 јуни година, почеток во 8.00 часот, а оваа година планинарската турата ќе биди посета на Пелистерските Водопади или познати како Водопади на Црвена Река. Стартот е од село Ниже Поле.
Ќе има и “Bitola Mount Bike“ велосипедска тура исто така има рекреативен карактер. Собирно место спортска сала „Боро Чурлевски“ во 9 30ч; тргнување во 10 часот кон село Крстоар и Крстовски манастир, потоа преку Буково и познатата патека “по канал“ до ски-стазата во Ниже Поле. Патеката е долга околку 30 км.
“EXTREME BIKE JUMP“ во Ски-центарот „Ниже Поле“- Стрежево, почеток 14:00 часот. Full crazinesssss! AIR BAG BIKE PARTY on Pelister! Овај настан е адреналинска егзибиција искњучиво за професионалци од Mount-bike заедницата, се со цел промоција и презентација на нивните вештини.
Education & Fun о почеток во 11 часот (ски-центар Ниже Поле) со промотор кој ќе најавува бројни активности во одредено време: детска рекреативна трка, спортско-забавни активности за деца (запознавање со извидништво, влечење со јаже, одење по слек лајн и други активности од забавен карактер), местење на хамоци, шатори, и сл. Ќе бидат организирани неколку работилници со тематика поврзани со активности во природа, здрав живот и, екологија и заштита на природата.