Денес, недела, 13 јуни, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и до крајот на денот можна е нестабилност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во Битола до 25 степени. УВ=7.
Утре, понеделник, 14 јуни, во Битола времето ќе биде умерено облачно со умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 24 степени. УВ=8.






