Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: сообраќајка кај Братиндол две лица повредени

На 18.06.2021 во 11.05 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Р – 1101 Битола – Ресен, во близина на село Братиндол, битолско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило “голф“, управувано од 31 годишник од село Ротино, битолско и товарно возило “дфм“, управувано од 71 годишник од село Облаково, битолско, двете со битолски регистарски ознаки.

По незгодата двајцата возачи се пренесени во Клиничка болница Битола, каде кај едното лице биле констатирани тешки телесни повреди, а кај другото лице лесни телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »