Синоќа во црквниот комплекс “Св. Троица“ кој се наоѓа кај населбата “Буковски ливади“ до Битола, имаше многу верници кои дојдоа во црквата да запалат свеќа и да се помолат, а простигнуваа од Битола уште од попладнето кога беше одржана и богослужбата, па некаде до полноќ, а членовите на Црковниот одбор очекуваат верници да има и денес, во чест на празникот Духовден.
Црковниот одбор, свештениците и верниците се погрижија како и секогаш црквата и црковниот двор да бидат беспрекорно чисти, а верниците како и секоја година во голем број ја посетуваат оваа црква.
-Денешниот ден е посветен во слава и чест на Светата Педесетница или слегувањето на Светиот дух врз Апостолите. Црквата “Св. Троица“ во населбата “Буковски ливади“ по повод храмовиот празник секоја година традиционално се одбележува свечено, со молитва и Света литургија. Вечерва служевме Мало Повечерие, во слава и чест на Светата Педесетница, и бевме удостоени со нашиот претпоставен Архиереј, Неговото високо Престенштвенство Митрополитот, Преспанско-Пелагониски, Господин Петар. Утре продолжуваа чествувањата и славата на празникот со Света Божествена Литургија. Овој храм не е посетен само за денешниот ден, туку и секоја недела и секој празник. Затоа, со народот Божји кој е тука, заеднички се помоливме на Господ Бог, да ни биде здрав и жив народецот, наш Македонски, долговечен, многудетен, и Господ Бог да дава мир, здравје и спасение на сите, ни рече синоќа, протоереј Цветко Тасевски од Буковската парохија “Св. Троица“.
Црковскиот одбор во состав Богоја Ристевски, Зоран Ризовски, Маријан Кочовски и Трајче Ѓоревски, заедно со кумовите денес ќе поделат храна, која според протоколите за заштита од ковид-19 ќе биде запакувана и ќе го нема традиционалното манастирско гравче.
-И сами гледате колкав народ има вечерва собрано тука што за населбата и црквата е голема чест. Ние сме најблиската црква “надвор од градот“, а сме само на неколку минути возење со автомобил. Тука има луѓе од населбата, но има голем број од “градот“ кои тука доаѓаат пешки вечерва. За жал како и минатата година нема музичка група и се она што се случуваше во дворот изминатите години, кога и јас бев дел од организацијата како кум, вели Александар Чурановски, кој живее близу до црквата, кој дадава е дека ова е можеби најголемиот црковен собир во Битола, и не верувам дека во еден манастир се собираат толку битолчани.
Во дворот го немаше и традиционалното оро, во се “фатени“ сите од “годините порано“, но сепак тука за децата беше организиран панаѓур и се израдуваат и на некоја ситница која им ја купија бабите и дедовците, како и “шеќерната волна“ на Раде.
Фото: Дамјана Ристевска











