Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.466 тестирања, а регистрирани се 5 нови случаи на Ковид-19, нема од Битола.
Регистрирани се и 8 оздравени пациенти, нема од Битола.
До сега во Битола има 6.304 лица кои биле или се позитивни на ковоид-19, а активни се 6 случаи.
На инфективното одделение во Битола биле примени двајца нови пациенти, а еден пациент бил испишан, а бројката на пациенти кои се лекуваат на инфективното одделние е 4 хоспитализирани.
Пријавено е едно починато лице.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 63 и преку “Плодност“ 35 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 861.692 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.645, бројката на оздравени пациенти е 149.916, на починати е 5.478, а бројот на активни случаи изнесува 251.






